Морган Роџерс ја реши иднината: Нови седум години во Астон Вила!

 

Објавено:

Астон Вила си ја заврши најважната работа оваа есен. Клубот од Бирмингем официјално објави дека Морган Роџерс потпишал нов, долгорочен договор со кој останува на „Вила Парк“ најмалку до 2031 година!

Ова е огромен успех за Унаи Емери, кој го „ископа“ Роџерс од Мидлсбро во февруари 2024 година, потег кој тогаш беше дочекан со скептицизам.

Но, за помалку од две години, Роџерс експлодираше. Минатата сезона (2024/25) беше апсолутно „запален“, а неговите колеги-фудбалери го изгласаа за Најдобар млад играч на годината во Премиер лигата (PFA Young Player of the Season). Како врв на сè, во ноември 2024 го имаше и своето деби за репрезентацијата на Англија.

Извор: https://www.avfc.co.uk/

Потегот на Вила е награда за довербата, иако Роџерс имаше изненадувачки тежок почеток на оваа сезона (2025/26). По освојувањето на ПФА наградата, фановите беа загрижени за неговиот пад во форма (особено на мечот со Болоња).

Сепак, Унаи Емери одби да го „закопа“ на клупата. Шпанецот го „играше“ низ лошата форма, а тоа се исплатеше, по клучниот меч со Тотенхем, Роџерс повторно е „булдожерот“ што го носи тимот и еден од најдобрите дриблери во лигата.

Навивачите се пресреќни, потсетувајќи дека кога Вила го купи за само 16 милиони фунти, многумина се шегуваа дека клубот „грешка“ и дека всушност го сакале Морган Витакер. Денес, Роџерс вреди најмалку шест пати повеќе, а Вила штотуку го „врза“ за уште седум години.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено