14.8 C
Skopje

Парма ќе го ангажираат младиот тренер на Арсенал

Објавено:

Помошникот на Микел Артрета, тренерот Карлос Куеста е во финални преговори за новото тренерско место во Парма.

Клубот од Серија А лигата остана без тренер, откако Кристијан Киву го замени Симеоне Инзаги на тренерската позиција во Интер.

29 годишникот се покажа одлично како асистент на клупата на Арсенал, но сега ќе добие улога на главен тренер во Парма. Според “Athletic”, преговорите течат веќе неколку недели и сега се во финална фаза.

Извор: https://x.com/FabrizioRomano

Ова на некој начин ќе биде враќање за Куеста во Италија, откако пред заминувањето во Арсенал тој беше тренер на младинскиот тим на Јувентус, а претходно и на Атлетико Мадрид.

Поранешниот играч за врска на Арсенал и сегашен капитен на Бајер Леверкузен, Гранит Џака, во минатогодишно интервју за “Athletic” изјави: “Сигурен сум дека Куеста еден ден ќе биде главен тренер за некој многу голем клуб. Го кажувам ова бидејќи знам што сака, тој има јасно зацртани цели и знае што сака да постигне. Сигурен сум дека еден ден ќе го видиме покрај линијата како главен тренер”.

А, по сè изгледа, тој ден ќе дојде поскоро од што очекуваше и Артрета, кој сигурно сметаше дека неговиот асистент ќе остане во тимот барем до 2027 година, до кога официјално му трае договорот со Арсенал.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено