Словенија 0-2 Косово
Косово уште еднаш докажа дека станува сериозен фактор во европските квалификации. Победата во Љубљана не само што им носи плеј-оф, туку и реална шанса да ја искомбинираат Швајцарија во последното коло, ако чудо им помогне со гол-разликата.
Фисник Асљани го отвори мечот со мајсторија: прво ја „симна“ топката од воздух, ги испрати двајцата дефанзивци на погрешна нога и ја смести топката во аголот. Словенија потоа си ја отежна работата, откако резервата Стојановиќ за само осум минути собра два жолти.
Вториот гол, еден од најчудните во квалификациите, дојде кога Карничник со волеј ја врати топката… директно во сопствената мрежа.
Швајцарија 4-1 Шведска

Швајцарците во Женева изгледаа како репрезентација која одамна ја подготвила визата за Мексико, САД или Канада. Емболо отвори, Шведска накратко се врати преку Нигрен, но потоа шутот на Гранит Џака од пенал и перфектниот Дан Ндоје ја затворија приказната. Во финишот Манзамби само додаде боја на резултатот.
Швајцарија ќе биде на СП ако не загуби катастрофално во Приштина.



