Се сеќавате на лекцијата што ја научи Роналдо во Даблин? Епа, изгледа Доминик Собослаи не ја следел таа настава. Има нешто во таа Ирска што едноставно не трпи прерана ароганција.
Капитенот на Унгарија беше „на седмо небо“ во 37. минута. При водство од 2-1, камерите го уловија како му се смее в лице на противникот, полн со самодоверба дека Унгарија оди на Светско првенство.
Но, фудбалот (и Ирците) имаат сурова смисла за хумор.
Само еден час подоцна, реалноста удри силно. Хет-трикот на Трој Парот значеше крај за унгарските соништа. А Собослаи? Од потсмев до солзи – заврши седејќи на тревата, целосно скршен и елиминиран.
Како што велат: Кој последен се смее…



