14.8 C
Skopje

Борозан останува “црвено-црн” и идната сезона

Објавено:

Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан денес објавија дека ја продолжуваат соработката и во наредната сезона.

Ова доаѓа како уште еден чекор во амбициите на “црвено-црните” да го засилат клубот и да го вратат шампионскиот менталитет кој го карактеризираше крунисаниот двократен европски шампион.

Левиот бек дојде повторно во Вардар во 2024 година, откако претходно играше за скопскиот клуб од 2016 до 2019 година. Како играч на Вардар тој има освоено три титули во Македонија, три Купа и три трофеи во СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено