Пеп Гвардиола деновиве изјави: „Сезоната почнува сега“. Арно ама, изгледа заборави да им каже на играчите на Њукасл дека во тоа сценарио Сити треба да победи.
По поразот од 2-1 на „Сент Џејмс Парк“, Гвардиола ни приреди вистинско шоу по натпреварот, демонстрирајќи промена на расположение побрза од контра-напад на Њукасл.
„Доктор Џекил и Мистер Пеп“
Камерите го уловија моментот кога Пеп влезе во жестока расправија со бразилското дуо на Њукасл, Жоелинтон и Бруно Гимараеш. Се мафташе со раце, се објаснуваа тактики (или се пцуеја на португалско-шпански), и тензијата беше очигледна.
И тогаш – магија! Во дел од секундата, Пеп го здогледа Сандро Тонали, го смени ликот од „убиец“ во „насмеан чичко“ и го гушна Италијанецот како да му е најдобар другар.
Post-match argument between Pep and Bruno Guimarães
byu/Woodstovia insoccer
Интернет заедницата: „Ова се социопатски вибрации“
Фудбалските фанови на социјалните мрежи веднаш ја дијагностицираа ситуацијата.
„Ова ми дава вибрации на социопат“, коментира еден корисник. Други пак, едноставно констатираа: „Тој е толку лош губитник. Ќелавиот измамник е разоткриен“.
Се чини дека кога Пеп губи, никој не е безбеден… освен ако не се викате Тонали.



