12.8 C
Skopje

Анализа: Од уличен фудбал до светската сцена

Објавено:

Деновиве е актуелна играта на бразилските клубови на Светското клупско првенство во фудбал кое се игра во САД, а “Кариоките” уште еднаш потсетија зошто се голем фактор на светската фудбалска сцена.

Европскиот фудбал нè научи да се “поклонуваме” на просторот. Пронајди го најдлабокиот играч. Пробиј ја линијата. Рашири го теренот. Но, можеби фудбалот не е само тоа. Бразилскиот фудбал нè потсетува: фудбалот е за нас. Асоцијативниот фудбал со кратки додавања, блиска соработка и постојана интеракција меѓу играчите, сè уште живее.

Наидовме на една интересна анализа на фудбалот кој го играат, па решивме дека вреди да ја споделиме со вас.

1. Пет подавања, двајца играчи, никогаш повеќе од 6 метри меѓу играчите. Совладаа четворица дефанзивци на Челси – без простор, без промена на страна, без ѕвезди. Само ритам, чувство и доверба во следниот потег.

Третиот гол на Фламенго?
Чист уличен фудбал.

2. Во 18 секунди, четворица играчи на Фламенго се натрупани во радиус од 6 метри – директно до аут линијата. Наместо да ја развлечат играта на Челси, тие го собираат просторот. И потоа – експлозија низ него.

Еден допир. Трет човек. Зад линија.
Шансата е создадена.

3. Шестмина играчи на Фламенго. Петнаесет секунди. Секој допир – во тесен простор, доволно да ги натера Челси да ја загризаат мамката. А потоа?

Бум. Еден пас назад. Уште еден. Па, продорен пас.
Од аут линија до срцето на шеснаесетникот.
Ново шутирање. Нов момент на чист фудбал.

4. Ако си помисливте: “Чекај… ова ми изгледа познато”, не грешите.

Ова е истото она што го гледавме од Барселона во периодот од 2008 до 2012 година. Истиот ритам. Истите пренатрупувања. Истата магија.

Еве еден пример:

5. Сите го нарекуваа “шпански фудбал”.
Барса во 2008 година изгледаше како врв на новата ера. Но, погледни подобро.

Дани Алвеш. Меси.
Тоа не беше само Шпанија – тоа беше Јужна Америка како пулсира низ ритамот.

6. Гледавме тесни простори, “дупли пасови”, постојано движење… и помисливме: ова е шпанскиот начин. Но, можеби таа течност во играта не дојде од Европа. Можеби тоа беше јужноамериканскиот оган, што гори внатре во системот.

Има една разлика што станува сè поочигледна колку повеќе гледаш: растојанијата за поддршка. Повеќето европски фудбалски школи, федерации, УЕФА и слично, нè учат: најди го најслободниот играч, продри низ простор, премини ги линиите, рашири го теренот. А, јужноамериканскиот фудбал го менува тоа за 360 степени.

Заборави го најдлабокиот слободен играч. Бразилскиот фудбал вели: дојди поблиску. “Ќе бидам само онолку далеку за да ме стигнеш и ќе играме овде, заедно”.

Не се работи за тоа да се најде простор таму. Се работи за тоа да се создаде ритам тука.

Европската логика вели: “Пробиј се подалеку”.
Јужноамериканската логика вели: “Пријди ми поблиску”.

7. Еве како Дани Алвеш го опишува пасот што не му се допадна на Гвардиола: широк, страничен пас кон средината на теренот — на прв поглед безбедна, бесцелна топка.

Но, Дани сепак го одигра. Зашто тој виде нешто повеќе во него.

Не ги проби линиите, но го проби ритамот. Ги повлече дефанзивците. Ги поврза соиграчите. Дани изјави “Морав да му ја подадам топката. Не ме интересираше дали изгледа погрешно”. Тоа додавање беше покана, а не инструкција.

8. Повеќето модели ги третираат додавањата како алатка за создавање простор.

Напред = добро. Странично = неутрално.

Но, во асоцијативниот фудбал, додавањето е исто така и сигнал. Тоа поврзува, привлекува и создава заеднички моменти помеѓу играчите.

Не секој пас мора да биде вертикален. Некои пасови се прават само за играчите да се најдат меѓу себе, за да кажат “тука сум, до тебе”. Тоа е убавината на асоцијативниот фудбал – не е само што правиш ти со топката, туку што прави топката за сите нас.

Затоа можеби и еден од најубавиот чист фудбал се игра на улица, на малите турнири, на локалните терени. Не затоа што е совршен, туку затоа што во тоа лежи играта.

Извор: https://x.com/IJaSport

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено