12.8 C
Skopje

Гори Астурија! Струмичанец ги одведе Овиедо во Ла Лига!

Објавено:

Фудбалскиот клуб Реал Овиедо од Астурија влезе во Ла Лига после цели 24 години чекање, на чело со тренерот Вељко Пауновиќ, кој е роден во Струмица.

Херојот на натпреварот беше 40 годишниот капитен Санти Казорла кој го одведе својот клуб од детството до големата Лига.

Кога Санти се приклучи на Реал Овиедо во 2023 година, тој се понуди да игра без пари, само за да се обиде да помогне да се врати неговиот клуб од детството во Ла Лига.

Извор: https://x.com/FBAwayDays
Извор: https://x.com/TouchlineX

Сепак, бидејќи правилата велат дека никој не може да игра бесплатно, тој го земал најмалиот дозволен износ за плата, правејќи сè само од желба да помогне на својот клуб.

Вчера, тој го даде победничкиот гол во победата која го врати Реал Овиедо назад во Ла Лига, а тоа беше совршен епилог на неговата фантастична кариера.

Навивачите беа толку радосни што веднаш влегоа на теренот да прослават со своите херои, а потоа прославите продолжија низ улиците на градот. Дека навивачите го сакаат клубот, кажува и фактот што пред 13 години тие го спасија од банкрот, а сега идните генерации ќе можат да го гледаат клубот како игра во престижната Ла Лига.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено