12.8 C
Skopje

Ноле доби Златна виза, се сели во Грција

Објавено:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално ја добил Златната виза за прстој во Грција, па по сè изгледа ќе се остварат намерите тој да го пронајде својот нов дом во Грција.

На терените Ноле е решен да игра уште долго, а во интервју после Ролан Гарос изјави и дека е мотивиран да игра на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, кога тој ќе има 41 година.

Надвор од терените, 38 годишниот тенисер има други планови. Имено, тој е во потрага по куќа во Атина, каде планира да се пресели со своето семејство.

Поранешниот број 1 светски рекет отсекогаш имал многу блиска конекција со својата матична земја, но откако тој ја даде поддршката за српските студентски протести, неговите односи со моменталниот претседател Вучиќ се влошија, па најверојатно тој не планира со своето семејство да се врати да живее во Србија во блиска иднина.

Извор: https://eualive.net

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено