Пред осум години на денешен ден (22 јуни), Мо Салах го потпиша договорот со Ливерпул и оттогаш до денес останатото е историја.
Договорот за неговото пристигнување од Рома тогаш вредеше 42.5 милиони евра, што излезе дека беше и тоа како исплатливо за Ливерпул ако се земе во предвид дека Салах до сега за клубот има одиграно 401 натпревар, на кој има постигнато 245 голови и 113 асистенции.

Египетскиот крал се најде и на врвот на листата за најголема инволвираност во голови во топ петте лиги во Европа, со 47 голови во кои учествувал изминатата сезона 2024/2025.


Mohamed Salah was on another level in 2024/25 👑 pic.twitter.com/tTXGZyBwGA
— Premier League (@premierleague) June 22, 2025


