Францускиот клуб Олимпик Лион се исфрлени од првата лига и од новата сезона ќе играат во втората француска лига.
Оваа одлука доаѓа не поради лошата игра на тимот, туку откако клубот не успеа да ги обезбеди средствата за долговите кои достигнуваат неверојатни 508 милиони евра. Ова значи дека Лион нема да може да купува нови играчи и ќе мора да најде начин да ги намали своите трошоци.
Ова е прв пат во историјата клубот да испадне од првата лига, а уште поголем е шокот ако се земат нивните 7 титули во првата лига и постојаноста во европските натпреварувања.

Клубот има право на жалба на одлуката, а во обид да се спасат од ваквата судбина клубот ќе проба во многу скоро време да ги среди своите финансии, па можеби ќе треба да продаде дел од своите играчи или да најде нови спонзори и инвеститори.
Меѓу играчите кои се споменуваат како први за итна продажба е 19 годишниот талент Малик Фофана, кого веќе го “меркаат” клубовите како Челси и Ливерпул.



