ОФИЦИЈАЛНО: Никлас Филкруг е нов напаѓач на Милан!

Објавено:

Милан го потврди својот нов напаѓач на почетокот на оваа 2026 година – германскиот репрезентативец Никлас Филкруг се пресели на „Сан Сиро“. Искусниот голгетер доаѓа од Вест Хем Јунајтед како позајмен играч, со можност италијанскиот гигант целосно да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

По неуспешната полусезона во Премиер лигата, Филкруг добива шанса да ја оживее кариерата во Серија А, каде ќе се обиде да го пополни местото во нападот на „росонерите“.

Од Хановер до финалето во Лигата на шампионите

Роден во Хановер во 1993 година, Филкруг помина долг пат низ германскиот фудбал. Својата репутација ја изгради во Вердер Бремен, по што во 2023 година направи голем трансфер во Борусија Дортмунд. Со „милионерите“ имаше фантастична сезона, постигнувајќи 15 голови, од кои три во Лигата на шампионите, каде настапи и во големото финале против Реал Мадрид на „Вембли“.

Неговите добри игри му донесоа и повик во германската репрезентација, за која дебитираше во 2022 година и беше дел од тимот на Светското првенство во Катар.

Новата „деветка“ на Милан

Филкруг во Милано пристигнува со голема одговорност, тој ќе го носи дресот со број 9, бројка која низ историјата ја носеле легенди како Ван Бастен, Инзаги и Жиру. Навивачите на Милан се надеваат дека неговата физичка сила и убиствен завршен удар ќе бидат клучното засилување во борбата за „Скудетото“.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено