(Видео) Емануел Адебајор емотивно за АФКОН: „Ова е уметност и култура!“

Објавено:

За некои, Африканскиот куп на нации (АФКОН) е само уште еден турнир. Но, за легендата на тогоанскиот фудбал, Емануел Адебајор, овој натпревар прерасна во нешто многу поголемо, вистинска прослава на африканскиот идентитет.

Во искрено интервју, поранешниот голгетер на Арсенал и Реал Мадрид направи паралела меѓу турнирите на кои тој играше и овој сегашниот во Мароко, истакнувајќи ја неверојатната културна еволуција.

„Порано носевме тренерки, сега носиме уметност“

Адебајор се присети на времињата кога репрезентациите патуваа едноставно, во спортска опрема. Денес, тој гледа модна писта на гордост.

„Кога ние одевме на АФКОН, носевме тренерки. Можеби еднаш сме облекле костум. Но денес… денес е прекрасно. Тоа е уметност, тоа е нашата култура. Го видовме Мали во традиционална облека, Нигерија со својата елеганција, Брегот на Слоновата Коска… Тоа е едноставно прекрасно за гледање“ – вели Адебајор.

Извор: https://www.cafonline.com/afcon2025/
„Ние играме поинаку, се облекуваме поинаку“

Според Адебајор, ова е суптилна револуција каде Африка веќе не имитира, туку се наметнува.

„Ние играме поинаку, се облекуваме поинаку, зборуваме поинаку. На крајот на денот, не смееме да заборавиме дека сме Африканци. Имаме свои вредности и култури. Гледам како нашата култура се издигнува и среќен сум што можеме да му ја покажеме на светот“.

Тој се осврна и на познатите ритуали пред натпреварите – пеењето во автобусот, госпел песните и славењето на Бога, традиции кои новите генерации гордо ги продолжуваат. За Адебајор, АФКОН е единствен токму затоа што е различен од сè друго во светот на фудбалот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено