Ѓоковиќ го шокираше тенискиот свет: “Мојот глас и имиџ беа злоупотребени!”

 

Објавено:

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, фрли „бомба“ пред почетокот на Австралија Опен. Српскиот ас објави дека целосно се повлекува од Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА), организација чиј ко-основач беше пред пет години со цел да се бори за правата на играчите.

Во драматична објава на социјалните мрежи, Ноле ги откри причините за овој радикален потег, посочувајќи сериозни проблеми во раководството.

„Нема транспарентност, мојот имиџ е злоупотребен“

Ѓоковиќ, кој секогаш важел за лидер и заштитник на колегите, овојпат звучеше разочарано.

„По внимателно размислување, одлучив целосно да се повлечам од ПТПА. Оваа одлука доаѓа по постојаната загриженост во врска со транспарентноста, управувањето и начинот на кој беа претставени мојот глас и имиџ, напиша Ѓоковиќ.

Ова заминување доаѓа во најчувствителен момент за ПТПА, која води правна битка (антимонополска тужба) против АТП, ВТА и Гренд Слем турнирите. Интересно е што Ѓоковиќ уште во март изјави дека не се согласува со сите делови од таа тужба, иако не беше именуван како тужител.

Фокус на 25-тата титула

Додека ПТПА се бори за поголем дел од колачот (наградниот фонд) за играчите, Ѓоковиќ се врти кон теренот. На 38-годишна возраст, тој сè уште е гладен за успех и ја брка историската 25-та Гренд Слем титула, а походот започнува на 18 јануари во Мелбурн.

[Ова е вест во развој и ќе биде надополнета со нови информации.]


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено