Официјално: Ерик тен Хаг е новиот технички директор на Твенте!

 

Објавено:

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Ајакс, Ерик тен Хаг, се враќа на местото каде што започна сè. Холандскиот клуб ФК Твенте официјално потврди дека 55-годишниот стратег е именуван за нов технички директор на клубот.

Тен Хаг ќе стапи на функција на 1 февруари 2026 година, а официјално ќе ја преземе целосната одговорност од сезоната 2026/2027, наследувајќи го актуелниот директор Јан Штројер. Договорот е потпишан до средината на 2028 година.

„Нема да носам тренерка, туку одело“

Ова е голема промена за Тен Хаг, кој по кратката епизода во Баер Леверкузен на почетокот на оваа сезона, реши да го замени тренерското столче со директорска фотелја.

„Многу е убаво и посебно да се вратам во ФК Твенте, каде што доаѓав како навивач уште од мал. Тука почна мојата играчка и тренерска кариера. Со моето искуство во развој на млади играчи и градење тимови, сакам да го зајакнам техничкиот темел на клубот, изјави Тен Хаг за официјалниот сајт.

Во интервјуто за клупската телевизија, тој појасни дека неговата улога ќе биде повеќе во позадина.

„Нема повеќе да бидам на теренот во копачки и тренерка. Ќе ги заменам за… не баш секогаш одело, но ќе бидам таму да го олеснам функционирањето на главниот тренер. Ќе се фокусирам на стратегија, скаутинг, академијата и инфраструктурата, додаде Тен Хаг.

Кругот се затвора: Од капитен до директор

Врската на Тен Хаг со Твенте е нераскинлива. Како играч, тој го носеше дресот на клубот во три наврати, одигрувајќи 258 натпревари и освојувајќи го Купот на Холандија како капитен во 2001 година.

Својата тренерска кариера исто така ја почна во академијата на Твенте, пред да стане асистент во првиот тим. По големите успеси со Ајакс (3 титули) и освоените трофеи со Манчестер Јунајтед (ФА Куп и Лига Куп), тој се враќа дома за да го издигне Твенте на повисоко ниво.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено