(Видео) Трол на годината: „Јунајтед ДНК е да имаш легенди со подкасти и да губиш од секого“

 

Објавено:

Откако Гери Невил изјави дека Манчестер Јунајтед мора да ангажира менаџер кој ќе одговара на „ДНК-та на клубот“, поранешниот напаѓач на Астон Вила, Габриел Агбонлахор, реши да објасни што точно значи таа фамозна ДНК во 2026 година.

Во видео кое стана вирален хит, Агбонлахор не штедеше никого – од управата, преку легендите, па сè до навивачите и познатиот јутјубер Марк Голдбриџ.

„Јунајтед ДНК е да отпушташ чистачки, а да плаќаш 30 милиони за откази на тренери“

Агбонлахор во една минута ги наброја сите болки на „Црвените ѓаволи“. Еве дел од неговата брутална листа за „модерната ДНК“ на Јунајтед:

  • „Мафтање со шалови од Норвич (жолто-зелени) по секој пораз.“
  • „Губење европско финале од Тотенхем.“
  • „Отпуштање на вработени за да се заштеди, само за да се потрошат 30 милиони фунти на откази за менаџери.“
  • „Марк Голдбриџ како вреска во подрумот на мајка му: ’Ох, не!‘“
  • „Секој поранешен играч да има свој еб*н подкаст.“
  • „Губење 7-0 од Ливерпул. СЕДУМ!“
  • „Ангажирање на поранешни играчи (како Флечер/Солскјер) за да го покријат хаосот и тоа да го нарекуваат ’Враќање на нашата ДНК‘.“

Заклучокот? „Тим за потсмев“, вели Агбонлахор. Дури и навивачите на Јунајтед во коментарите признаваат: „Навивач сум на Јунајтед, ама ова е добро печење, бидејќи навистина не можеме да мрднеме од тоа ср*ње за ДНК и легенди“*.

Погледнете го видеото кое боли (ако сте навивач на Јунајтед) или ќе ве насмее до солзи (ако не сте):


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено