(Видео) Милан се спаси од пораз во 92-та минута, Џенова промаши пенал за победа во 100-та!

 

Објавено:

Фудбалерите на Милан пропуштија златна шанса да го задржат чекорот со лидерот Интер, откако одиграа драматично реми (1-1) против Џенова на домашен терен. Натпреварот во Милано понуди неверојатно сценарио во судиското продолжение, каде „росонерите“ прво се спасуваа од пораз, а потоа имаа среќа што гостите не ги однесоа сите три бода од белата точка.

Џенова го шокираше „Сан Сиро“ во 28-та минута преку Лоренцо Коломбо, младиот напаѓач кој всушност е позајмен токму од Милан. Тој без милост ја казни својата матична екипа за водство од 1-0. Милан се мачеше да го пробие бедемот на гостите, а Јусуф Фофана имаше комично промашување кога се сопна во клучниот момент пред празниот гол. Милан имаа и еден поништен гол на Пулишиќ, па не дојдоа на време до посакуваното изедначување за да приредат пресврт.

Драма во продолжението: Леао херој, Станчу трагичар

Кога се чинеше дека бодовите ќе заминат за Џенова, Рафаел Леао во 92-та минута со глава по центаршут на Модриќ израмни на 1-1. Но, тоа не беше крајот. Во 98-та минута, младиот Бартезаги направи наивен пенал над Елертсон. По долги ВАР проверки и протести, Николае Станчу ја презеде одговорноста во 100-та минута, но го „префрли“ целиот стадион и ја шутна топката високо над пречката.

Овој резултат најмногу му одговара на Интер, кој сега има три бода предност на врвот на табелата пред градскиот ривал.

Претходно денес: Каљари ја расипа забавата на Варди и Кремонезе

Драма не недостигаше ниту на првиот натпревар од денешната програма, каде Кремонезе и Каљари ги поделија бодовите во хаотично реми (2-2).

Домаќините од Кремона имаа совршен старт и водство од 2-0 по само 30 минути игра. По голот на Јонсен, легендарниот Џејми Варди со својот препознатлив манир реализираше за зголемување на предноста, што изгледаше како сигурна победа. Сепак, Каљари не се предаде. Адопо намали на почетокот на вториот дел, а вистинскиот шок пристигна во 88-та минута кога Јаел Трепи со вистински проектил од далечина ги постави конечните 2-2.



Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено