Иако Украина имаше контрола над резултатот во првите 30 минути, на крајот мораше да му подаде рака на подобриот противник. Еден од клучните играчи во украинскиот табор, Игор Турченко, по натпреварот истакна дека квалитетот на македонската репрезентација пресудил за конечниот исход.
Турченко призна дека брзиот ритам на Украина не бил доволен за да се скрши отпорот на избраниците на Лазаров во текот на целиот натпревар.
„Беше ова тежок натпревар. Игравме против многу добар тим. Во првото полувреме бевме брзи и успеавме да направиме добра разлика, но во второто полувреме, иако се трудевме да играме добро, работите се сменија. Тоа е спортот – некогаш победувате, некогаш губите“, изјави Турченко.
Украинците во првиот дел водеа и со четири гола разлика, но признанието на Турченко само потврдува дека „новата“ Македонија во второто полувреме наметна темпо кое противникот едноставно не можеше да го следи.



