Ексклузивно: Тотенхем ја победи Вила, Галагер се враќа во Премиер лигата за 40 милиони!

 

Објавено:

Зимскиот преоден рок во Англија штотуку експлодираше. Она што со месеци се шпекулираше, сега е реалност, Конор Галагер се враќа во Лондон, но не на „Стемфорд Бриџ“, туку кај лутиот градски ривал, Тотенхем.

Според угледниот „Атлетик“ и Дејвид Орнштајн, Тотенхем и Атлетико Мадрид си подадоа рака за сума од 40 милиони евра (34.7 милиони фунти). Англискиот репрезентативец веќе ги пакува куферите и во вторник (утре) лета за Англија на медицински прегледи.

Томас Франк го добива тоа што Постекоглу го сонуваше

Ова е трансфер што Тотенхем го бркаше со години. Интересно е што поранешниот менаџер Анге Постекоглу инсистираше на Галагер, но никогаш не го доби. Сега, актуелниот кормилар Томас Франк е тој што ќе профитира од енергијата на Англичанецот.

Тотенхем очајно има потреба од свежина во средниот ред, особено по повредата на Родриго Бентанкур (аут 3 месеци). Галагер, кој помина 18 месеци во Шпанија под палката на Диего Симеоне, одигра 50 натпревари во првата сезона, но оваа година падна во втор план со само 4 стартови во Ла Лига.

Астон Вила извиси, навивачите на Челси во неверување

Во трката за потписот на 25-годишниот играч беше и Астон Вила, но тимот од Бирмингем се повлече поради финансиска дисциплина, оставајќи му го патот чист на Тотенхем.

Сепак, најголемата прашина се крева во Западен Лондон. Галагер е „дете на Челси“, поранешен миленик на навивачите, а сега го облекува дресот на еден од најголемите непријатели. Реакциите на социјалните мрежи се поделени, од посакување среќа до обвинувања за предавство.

Со доаѓањето на Галагер, Томас Франк добива играч кој совршено се вклопува во неговиот интензивен стил на игра, нешто што им е неопходно во вториот дел од сезоната.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено