Иако поминаа неколку години откако официјално се повлече од професионалниот тенис, Роџер Федерер докажува дека неговата врска со белиот спорт е нераскинлива. Швајцарскиот маестро пристигна во Мелбурн на Австралија Опен 2026, каде веднаш стана главна атракција.
Специјален настан во сабота
Федерер не е во Мелбурн само како гостин во ложата. Тој е дел од неколку промотивни настани, но она што најмногу ги возбуди навивачите е најавата дека Роџер повторно ќе земе рекет во раце. Оваа сабота, на 17 јануари, Федерер ќе истрча на „Род Лејвер Арената“ како дел од специјален настан кој ветува многу емоции и потсетување на неговите најславни денови.
„Сакам да останам блиску до тенисот. Овој свет ми даде сè и посетата на големите турнири е мојот начин да останам поврзан со фановите и играта“, изјави кратко Федерер по пристигнувањето.
Мелбурн го пречека својот крал
Шесткратниот шампион на Австралија Опен секогаш имал посебен однос со австралиската публика. Неговото присуство во воведната недела на турнирот додава посебен сјај на овогодинешното издание, а влезниците за саботниот настан веќе се распродадени до последното место.



