Додека вчера некои медиуми ги пренесоа шпекулациите дека Новак Ѓоковиќ го напуштил тренингот по само 12 минути поради болки во вратот, таквите гласини се далеку од вистинската слика на теренот. Буквално.
Денес 10 кратниот шампион на Австралија Опен лесно го победи Францес Тифо со 6-3, 6-4 во сетови на експо натпреварот во Род Лејвер Арената, како подготовка за главниот турнир.
Интересен момент се случи на мечот кога од трибините некој извика „Напред Роџер!“, по што следуваше искрената реакција на Ноле.
Погледнете го овој весел момент на теренот и не верувајте во сите шпекулации за кликови на интернетот 😉
Crowd: “Let’s go Roger!”
— Danny (@DjokovicFan_) January 15, 2026
Novak Djokovic’s response. 😂pic.twitter.com/HGLWOPLH1a



