(Видео) Мајсторија за паметење: Тинејџерот Костулас со „ножички“ во 91. минута го спаси Брајтон!

Објавено:

Брајтон и Борнмут ги поделија бодовите во драматичното реми од 1:1, натпревар кој ќе остане запаметен по неверојатниот дебитантски гол на 18-годишниот Харалампос Костулас. Грчкиот тинејџер со спектакуларни „ножички“ во судиското продолжение спречи прва гостинска победа на Борнмут по пауза од пет месеци.

ВАР драма и водство за „црешите“

Иако Брајтон почна фуриозно со шансите на Кадиоглу и Груда, Борнмут беше тимот кој прв поведе во 32-та минута. По еден молскавичен контранапад, Амин Адли беше соборен од голманот Вербруген. Судијата Пол Тирни првично му покажа жолт картон на Адли за симулација, но по интервенција на ВАР и преглед на снимката, одлуката беше преиначена во пенал.

Маркус Таверние беше прецизен од белата точка за 0:1. Борнмут можеше да го дуплира водството пред паузата, но ударот на рекордното засилување Еванилсон заврши во стативата.

Костулас – херојот од клупата

Во второто полувреме Брајтон доминираше во поседот, а тренерот на домашните фрли сè на една карта внесувајќи ги Минтех, Балеба и Рутер. Сепак, клучниот потег беше влегувањето на младиот Костулас.

Во 91-та минута, кога сите очекуваа триумф на гостите, Костулас се најде на вистинското место и со нестварен акробатски потег ја заби топката во мрежата на Ѓорѓе Петровиќ за делириум на трибините.

Со ова реми, двете екипи остануваат на своите позиции, Брајтон на 12-то, а Борнмут на 15-то место на табелата во Премиер лигата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено