Американска доминација во Мелбурн: Шелтон и Фриц преку „француски пречки“ до второто коло!

Објавено:

Третиот ден на Австралија Опен 2026 помина во знакот на американските тенисери. Бен Шелтон и Тејлор Фриц ги оправдаа улогите на фаворити и обезбедија пласман во следната рунда, совладувајќи ги своите противници од Франција.

Шелтон и неговите „ракети“ од 226 км/ч

Осмиот носител Бен Шелтон одигра брилијантен меч на „Род Лејвер Арена“ против незгодниот Иго Умбер, победувајќи со максимални 3:0 (6-3, 7-6, 7-6). Иако резултатот во сетови делува убедливо, мечот беше вистинска борба на двајца тенисери кои играат со лева рака.

Шелтон воодушеви со својата агресивност, испукувајќи 15 асови (од кои еден со брзина од нестварни 226 км/ч) и вкупно 43 директни поени.

„Играњето против Иго во првото коло е тешка ждрепка на кој било терен. Имав искуство од тај-брејковите тука во Мелбурн и тоа многу ми помогна денес“, изјави Шелтон, кој по минатогодишното полуфинале, сега цели уште повисоко.

Во следното коло тој ќе се соочи со домашниот миленик, австралискиот квалификант Дејн Свини, кој приреди изненадување елиминирајќи го ветеранот Гаел Монфис.

Фриц сигурен по три часа борба

На „Џон Кејн Арената“, Тејлор Фриц исто така беше поуспешен од Французин, совладувајќи го Валентин Роаје со 3:1 (7-6, 5-7, 6-1, 6-3). Деветтиот носител сервираше фантастични 24 асови и запиша дури 65 винери, покажувајќи неверојатна моќ во третиот и четвртиот сет. Негов следен противник ќе биде Чехот Вит Коприва.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено