По кратката есенска епизода во редовите на Шкендија, искусниот Егзон Белица (35) повторно е „Романтичар“.
ФК Работнички денеска официјално го потврди враќањето на својот поранешен капитен и еден од најстандардните дефанзивци во ПМФЛ. Ова ќе биде трет мандат за Белица во тимот од Дебар Маало, откако претходно го носеше црвено-белиот дрес во сезоните 2010/11 и од 2023 до 2025 година.
Со своите преку 120 настапи во Првата македонска фудбалска лига и богатото интернационално искуство од Финска (Интер Турку), Албанија (Партизани Тирана, каде освои титула и Суперкуп) и Романија, Белица ќе биде огромно засилување за одбраната на Работнички во пролетниот дел од сезоната.



