Нема никој повеќе напатен во светот на Формула 1, од навивачите на легендарниот тим на Ферари. И додека денес Ферари го претстави новиот болид за идната сезона со големи најави за атакување на титулата, тифосите ги пречекуваат најавите со доза скептицизам поради перформансите во претходните сезони.
Луис Хамилтон го изваде болидот на патеката, но тој мораше да застане поради технички проблеми, што предизвика лавина на трол коментари на социјалните мрежи.
„Како мислиш болидот веќе има проблеми на патеката?“ е само еден од коментарите.
Сепак, ова е само дел од нашата TrollStation, а „Sky Italia“ објаснува дека не станувало збор за технички проблеми, туку максимизирање на километрите кои можат да ги користат. Во секој случај, кога станува збор за Ферари, навивачите „дуваат и на кисело млеко“.



