(Видео) Премиер лига: Ромеро го спасуваше „отпишаниот“ Томас Франк, Хари Вилсон со мајсторија го сруши Брајтон!

 

Објавено:

Саботното попладне во Премиер лигата донесе интересни натпревари на „Турф Мур“ и „Крајвен Котиџ“. Додека Тотенхем се спасуваше од дебакл против аутсајдерот, Фулам со чудесен пресврт во судиското продолжение стигна до големи три бода.

Ромеро го „купи“ Томас Франк, навивачите на Спурс бараат отказ

Тотенхем едвај извлече бод на гостувањето кај Барнли (2-2), благодарение на голот на Кристијан Ромеро во 89-та минута. Иако тимот на Томас Франк водеше со голот на Мики ван де Вен, Барнли успеа целосно да го сврти резултатот преку Туанзебе и Фостер.

Сепак, ниту израмнувањето не ги смири навивачите на Тотенхем. Од гостинскиот сектор ечеа скандирања „Ќе добиеш отказ наутро“ упатени кон Томас Франк. И покрај успесите во Лигата на шампионите, Спарс имаат само две победи на последните 14 меча во Премиер лигата, што ја прави позицијата на Данецот речиси неодржлива. Само благодарение на чудесните одбрани на Мартин Дубравка на голот на Барнли, домаќините не славеа историска победа.

Хари Вилсон е новиот херој на „Крајвен Котиџ“

Во Лондон, Фулам стигна до епска победа над Брајтон со 2-1, благодарение на мајсторијата на Хари Вилсон во 92-рата минута. Брајтон водеше по првиот дел со прекрасниот гол на Ајари, но влегувањето на Самуел Чуквуезе го промени мечот.

Нигериецот, кој штотуку се врати од Африканскиот куп на нации, израмни на 1-1, за во финишот Хари Вилсон со спектакуларен слободен удар од 25 метри да му донесе победа на Фулам. Вилсон е во нестварна форма – од ноември наваму, само Ерлинг Халанд учествувал во повеќе голови од Велшанецот во Премиер лигата. Со овој триумф, Фулам скокна на седмото место на табелата и сериозно конкурира за излез во Европа.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено