Лапорта незадоволен по преминот на Дро во ПСЖ: „Ова беше подмолно и непријатно!“

 

Објавено:

Трансферот на 18-годишниот бисер на Барселона, Педро „Дро“ Фернандез, во редовите на Пари Сен Жермен не помина тивко. Претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, јавно го изрази своето незадоволство, нарекувајќи го начинот на кој си замина младиот фудбалер „непријатна ситуација“ која го изненадила целото раководство.

Прекршен џентлменски договор?

Иако ПСЖ плати 8,2 милиони евра (сума повисока од откупната клаузула од 6 милиони) со цел да ги задржи коректните односи меѓу клубовите, Лапорта открива дека Дро и неговиот агент не си го одржале зборот.

„Ова е многу непријатно. Непријатно нè изненади бидејќи имавме веќе договорено поинакво решение за кога тој ќе наполни 18 години. Изненадувачки, неговиот агент ни соопшти дека не можат да го исполнат ветеното“, изјави разочараниот Лапорта за „Catalunya Radio“.

Флик со лекција: За Барса се игра со срце!

Пред официјално да биде потврден трансферот, тренерот Ханси Флик испрати јасна порака до сите млади играчи кои размислуваат за заминување. Германскиот стратег смета дека Дро прави грешка и дека во Барселона мора да се „живее за боите на клубот“.

„Ако сакате да играте за Барса, тоа мора да биде 100% со целото срце. Ние им даваме шанса да растат со најдобрите во светот, им даваме доверба. Тие се доволно стари да одлучуваат, но јас сакам само играчи кои живеат за овој дрес“, остар беше Флик.

Дро: Ова е најтешката одлука во мојот живот

Од друга страна, младиот фудбалер кој потпиша договор со ПСЖ до 2030 година, се прости од навивачите преку емотивна порака на Инстаграм. Тој нагласи дека одлуката да си замине од неговиот „дом“ по четири години била исклучително тешка, но дека ПСЖ е гигант кој го следел уште од дете.

Парижаните, пак, го тријат рацете – тие добија уште еден врвен талент од „Ла Масија“ кој совршено се вклопува во нивната стратегија за потпирање на млади и екстра-талентирани играчи.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено