“Стаклениот” Алаба пак се повреди, Чаби Алонсо веќе му најде замена!

 

Објавено:

Малерите со повредите за дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, продолжуваат и оваа сезона. Австрискиот репрезентативец повторно е надвор од терените, овој пат поради мускулна повреда на листот на левата нога, потврдија од клубот. Оваа вест доаѓа како нов удар за тренерот Чаби Алонсо, но се чини дека трпението во Мадрид е при крај.

Според официјалното соопштение, станува збор за повреда на солеусниот мускул, а иако клубот не прецизираше време за опоравување, шпанските медиуми како “АС” и “COPE” проценуваат дека тој ќе отсуствува помеѓу три недели и еден месец. Ова автоматски значи дека Алаба нема да биде во комбинација за Светско клупско првенство, што е сериозен хендикеп за “кралевите”.

Она што загрижува повеќе од самата повреда е растечкото незадоволство во клубот. Според пишувањата на медиумите, во Реал Мадрид владее замор од константните повреди на Австриецот, кој е еден од најплатените играчи во тимот, а премногу често е надвор од стројот.

Се чини дека Чаби Алонсо веќе донел одлука за неговата иднина. Шпанските извори тврдат дека баскискиот стратег го загубил трпението и веќе го пронашол неговиот наследник во младиот стопер од академијата, Хакобо Рамон. Алонсо покажал голема доверба во младиот играч, давајќи му минутажа против Салцбург и инсистирал тој да остане во првиот тим, стопирајќи ги плановите за негова позајмица.

Извор: https://www.managingmadrid.com/ {Burak Akbulut/Anadolu via Getty Images}

Иднината на Алаба во Мадрид изгледа сè понеизвесна. Наводно, претседателот Флорентино Перез му понудил на играчот можност веднаш да го напушти клубот без оштета, доколку се откаже од преостанатите плати од договорот кој му истекува во 2026 година. Иако разделбата најверојатно ќе се случи следното лето, кога се очекува понуда од Саудиска Арабија, јасно е дека Алаба повеќе не е во долгорочните планови на клубот, а оваа последна повреда само го забрзува процесот.

Извор: https://www.realmadrid.com/
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено