Каков начин да се стигне до првото финале на Австралија Опен, каква борба на теренот! Ова не беше само тенис, ова беше војна на нерви, мускули и челична волја. Карлос Алкараз е во своето прво финале на Австралија Опен откако го „исцеди“ и последното атом енергија за да го скрши Александар Зверев во најдолгото полуфинале во историјата на овој турнир!
ABSOLUTE CINEMA 🎬
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 30, 2026
Alcaraz moves into his first AO final after a five set epic lasting 5 hours 27 minutes against Zverev! @wwos • @espn • @tntsports • @wowowtennis • #AO26 pic.twitter.com/zdBB3yHcxt
Меч за во антологијата
Скоро пет и пол часа (точно 5 часа и 27 минути!) траеше вистинскиот трилер на „Род Лејвер Арената“. Алкараз тргна фуриозно, имаше сигурно водство од 2-0 во сетови и изгледаше како веќе да е со една нога во финалето. Но, тогаш неговото тело почна да попушта. Грчеви, исцрпеност и неверојатна борбеност на Зверев го однесоа мечот во петти сет. Саша се бунеше за тоа што Карлос користи медицински тајм аут за масажа од грчеви, нешто што остави и мала контраверзност на овој меч, но тоа не ги спречи двајцата тенисери да ја продолжат борбата до самиот крај.
Кога сите мислеа дека младиот Шпанец ќе падне, тој се издигна и потоа гледавме борба буквално за секој поен, за секој гем. Со резултат 6-4, 7-6, 6-7, 6-7, 7-5, првиот светски рекет покажа зошто е наследник на „големата тројка“. Стана најмладиот играч во „Опен ерата“ кој стигнал до финалиња на сите четири Грен слем турнири!
Средба со судбината
На патот до историјата и комплетирање на „кариерниот Грен слем“ (сите четири титули), сега стои само еден човек. Дали тоа ќе биде 10-кратниот шампион Новак Ѓоковиќ или бранителот на трофејот Јаник Синер?
„Го оставив срцето на теренот. Не знам како успеав, но знаев дека не смеам да се откажам“, изјави Алкараз по триумфот кој ќе се прераскажува со децении.
Ќе се навратиме подоцна сигурно повторно на овој меч, а сега уживајте во другото полуфинале каде сигурно повторно ќе гледаме врвен тенис.



