Крај на соработката: Расизмот го избрка Алан Сен-Максиман од Мексико по само 15 меча

 

Објавено:

Фудбалот падна во втор план во Мексико. Поранешната ѕвезда на Њукасл, Алан Сен-Максиман (28), ја шокираше јавноста со одлуката експресно да го раскине договорот со Клуб Америка, само неколку месеци по неговото пристигнување. Причината е вознемирувачка, неговите деца биле цел на неприфатливи расистички напади.

Францускиот крилен напаѓач, кој во август потпиша двегодишен договор, одлучи да стави крај на авантурата во Лига МХ по само 15 одиграни натпревари, нагласувајќи дека безбедноста и достоинството на неговото семејство немаат цена.

„Нема да толерирам напади врз децата“

Сен-Максиман преку емотивна порака на социјалните мрежи објасни дека иако е навикнат да се справува со критики и напади насочени кон него, „црвената линија“ е помината кога мета се неговите најблиски.

„Проблемот не е бојата на кожата, туку бојата на мислите… Но, постои една работа што никогаш нема да ја толерирам, а тоа е луѓето да ги напаѓаат моите деца. Ќе се борам со сета сила да се осигурам дека тие се почитувани, без разлика на нивното потекло, напиша фудбалерот.

Клубот со остра осуда

Раководството на Клуб Америка изрази целосна солидарност со својот фудбалер, најостро осудувајќи го секој чин на дискриминација.

„Ја повторуваме нашата силна осуда за секој чин на дискриминација или насилство што го нарушува човечкото достоинство. Изразуваме апсолутна солидарност со Алан и неговото семејство, стои во соопштението на мексиканскиот гигант.

Сен-Максиман сега е слободен агент, но во моментов фудбалот е најмалку важен за неговото семејство.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено