Серијата е жива! Манчестер Јунајтед како да влезе во времеплов на чело со Мајкл Карик и почна да реди победи.
✅ Манчестер Јунајтед 2-0 Манчестер Сити ✅ Арсенал 2-3 Манчестер Јунајтед ✅ Манчестер Јунајтед 3-2 Фулам
Бројачот за нашиот омилен „бушав“ херој сега покажува 3 од 5. Следните две пречки до берберот се Тотенхем и Вест Хем.

Дилемата на ѕвездата
Сите навиваат за него (или за Јунајтед), но ние во Спортска Станица почнуваме да се сомневаме во нешто друго. Дали тој навистина сака Јунајтед да победи на следните два меча?
Размисли малку, во моментов тој е интернет сензација, вистинска ѕвезда! Луѓето го препознаваат, мемињата се вртат, славата е тука. Ако Јунајтед победи 5 пати по ред, тој ќе мора да се исшиша и ќе стане… па, само уште еден обичен, досаден навивач на трибините.
Можеби длабоко во себе, тој се надева на едно „иксче“? Можеби тој ќе плаче по Рубен Аморим (и лошите резултати) посилно од било кој друг, само за да си ја задржи косата – и славата? 😂
Останува да видиме: Бербер или продолжување на легендата?



