Пред да завладее Бенито, беше Рики Мартин: Химната на Мундијалот од 1998 која ги отвори вратите за латино бранот!

 

Објавено:

Светот сè уште зборува за настапот на Бенито Антонио Мартинез Окасио, попознат како Бед Бани, на полувремето на американскиот Супербол. Порториканскиот изведувач приреди спектакл исполнет со пораки за обединување, љубов и гордост кон културното наследство на својата татковина. Но, пред тој да стане глобален феномен, еден друг латино изведувач ги проби границите и ги отвори вратите за новите генерации – Рики Мартин.

За помладата публика, решивме да се вратиме наназад и да се потсетиме на химната која го промени начинот на кој се доживуваат големите натпреварувања – официјалната песна за Светското првенство во фудбал во 1998 година во Франција.

Револуција наречена „La Copa de la Vida“

Песната „La Copa de la Vida“ (Купот на животот) беше вистинска револуција во глобалната промоција на латино музиката. Иако веќе беше ѕвезда во Латинска Америка и своето Порторико, младиот Рики Мартин со овој хит стана светска икона. Едноставното, но заразно рефренско „гол, гол, гол, але, але, але…“ остана препознатливо обележје на фудбалската култура и речиси три децении подоцна.

Повеќе од само песна за фудбал

Во песната се зборува за љубовта кон фудбалот, за пасијата, за Купот кој живот значи… емоциите, страста и честа да се освои Мундијалот е потсетник дека она што е важно е вистинската чиста љубов кон спортот и борбата преку него и музиката да се остави подобар свет за младите генерации.

Ако ви треба малку ритам и позитивна енергија во овој февруарски ден, потсетете се на една од најдобрите мундијалски химни на сите времиња.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено