Тренерот на ПСЖ на денешната прес конференција пред натпреварот меѓу неговиот клуб и Интер Мајами, сегашниот клуб на Лео Меси, изјави дека ова ќе биде многу емотивна средба за него.
“За мене ќе биде навистина посебен и емотивен натпревар, да ги видам сите тие играчи повторно – Меси, Бускетс, Алба, Суарез, Маскерано… Тие за мене се повеќе од фудбалери, тие се пријатели… Да, за мене Лео е најдобриот во историјата на фудбалот, без сомнение”, изјави Луис Енрике.
Ова навистина ќе биде посебен меч ако се земе во предвид дека Луис Енрике им беше тренер на Меси и останатите соиграчи во Барселона, каде забележаа огромни успеси заедно, вклучувајќи ја и титулата во Лигата на шампионите во 2015 година. На овој натпревар, токму против ПСЖ, Барса забележа историска победа кога успеа да се врати во игра и на крајот да дојде до победата после негативата од 1:3.

Тактичкиот пристап на Енрике, што претставуваше спој на брзи транзиции и потпирање на триото Меси-Суарез-Нејмар, се косеше со дотогашниот стил на Барселона, но токму овој играчки стил беше “виновникот” за легендарните натпревари на каталонскиот клуб тие години.
Ова ќе биде интересен натпревар и за Лео Меси, кој помина време и како играч на ПСЖ, време за кое во повеќе наврати потоа изјави дека биле најнесреќните денови во неговата фудбалска кариера.
Неговиот сегашен клуб, Интер Мајами на изненадување на многумина се најде во нокаут-фазата, историски успех за клуб од МЛС лигата, а останува да видиме како денес ќе помине оваа средба.