(Видео) Како да препознаете дека доаѓаат избори во Барселона? Лапорта ја фати метлата на „Камп Ноу“!

 

Објавено:

Ако мислевте дека новите спонзорски договори и „бомбастичните“ трансфери се знак дека се ближат изборите во Барселона, сте се излажале. Вистинскиот доказ пристигна денеска директно од трибините на „Камп Ноу“.

Претседателот Жоан Лапорта е снимен како лично ги чисти трибините и ги средува рабовите на теренот со метла во рацете. Ако мислевте дека само нашите политичари се фаќаат за метлата пред избори, тогаш еве доказ дека изборите ги инспирираат сите челници, па дури и во спортот.

„Немаме пари за нови засилувања во јануари, па решивме да заштедиме на службата за одржување. Плус, ова е одличен кардио тренинг пред гласањето,“ се шегуваат навивачите на социјалните мрежи.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено