Првите две позиции на трката за Големата награда на Австрија им припаднаа на Мекларен, кој доминираат со својот супериорен болид сезонава. Овој пат на пиедесталот се најде Британецот Ландо Норис, а веднаш зад него беше неговиот клупски колега Оскар Пијастри.
Ова уште повеќе ја разгорува битката за титула меѓу двајцата возачи на Мекларен, а интересно е дека можеби за прв пат во историјата имаме жестока битка за шампионската титула меѓу двајца возачи од ист тим кои досега немаат освоено ниту една титула.
Но, доминацијата на Мекларен оваа година е очигледна, а со новата победа Норис се доближи до својот колега и само дополнително ја разгори битката меѓу нив.

Место на подиумот обезбеди и Шарл Леклер, возачот на Ферари, кој стартуваше на втората позиција. Но, сепак ако се земат во предвид проблемите на Ферари сезонава, ова е и тоа како задоволителен резултат за шоферот од Монако.
Трката предвреме заврши за актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше удрен уште на самиот старт од младиот дебитант Кими Антонели, по што неговите шанси за освојување на петтата титула скоро целосно исчезнаа и тоа на домашната трка на неговиот тим.
Дебитантите Лосон и Бортолето имаа одлична трка и завршија на шестотто, односно осмото место. Со тоа младиот Бразилец Бортолето кој вози во неконкурентниот болид на Саубер, стигна до првите поени во Формула 1 и си ја обезбеди титулата “Возач на денот” за Големата награда на Австрија.
