Ако некој се сомневаше дека 38-годишниот Лионел Меси сè уште е владее на фудбалските терени, синоќешното дерби на Флорида ги демантираше сите. Во неверојатен пресврт, Интер Мајами славеше над Орландо Сити со 4:2, а главниот збор го имаше токму аргентинскиот генијалец кој ги постигна своите први голови во новата сезона.
Пресврт од „мртвите“ и будење на шампионот
Натпреварот започна шокантно за актуелниот шампион. Орландо по само 24 минути водеше со 2:0 благодарение на головите на Пашалиќ и Оједа. Сепак, на полувремето тренерот Хавиер Маскерано направи клучна измена внесувајќи го младиот Матео Силвети.
ZURDAZO del 10 para el empate! Vamossss 👏💫 pic.twitter.com/snPAzqwkbU
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) March 2, 2026
Токму Силвети со „проектил“ од 25 метри го намали водството, а потоа на сцена стапи Меси. Во 57-та минута израмни на 2:2 со хируршки прецизен удар, а откако Сеговија донесе водство од 3:2, Меси во 90-та минута со својот заштитен знак – слободен удар, ги постави конечните 4:2.
Dos veces MESSI 🔥⚽️ pic.twitter.com/Cu1x2fi2qH
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) March 2, 2026
„Сакаш ли автограм?“ – Меси брутално го истрола противничкиот тренер
Покрај мајсториите со топката, социјалните мрежи „се запалија“ поради потегот на Меси по четвртиот гол. Аргентинецот го прослави голот пред најжестоките навивачи на Орландо, а при враќањето кон центарот, му упати гестикулација на тренерот на Орландо, Оскар Пареха, инсинуирајќи дека „може да му даде автограм ако сака“, откако претходно тренерот му дофрли на Аргентинецот нешто што очигледно само го мотивираше.
Поранешната ѕвезда на САД, Алекси Лалас, го опиша овој момент со зборовите: „Меси е ладнокрвен убиец!“.
Бројки кои уште импресионираат
Со овие два гола, Меси стигна до бројката од 898 официјални голови во кариерата. За Интер Мајами, неговиот учинок е нестварен – 79 гола на 90 натпревари. Со оваа бројка на Меси му недостасуваат само уште 2 гола за да стане играчот кој најбрзо во кариерата дошол до бројката од 900 погодоци.
„Тој е лидер кој ги инспирира сите околу себе. Неговата способност да креира решенија таму каде што никој друг не гледа излез е тоа што не прави шампиони“, изјави Маскерано по мечот.



