18.8 C
Skopje

На денешен ден: Марадона го подигна трофејот на Светското првенство

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред 39 години на денешен ден, Диего Марадона стана “Богот” на фудбалот во Аргентина, откако доминираше на Мундијалот со 5 голови и 5 асистенции, нешто што дотогаш не беше видено од индивидуалец во национален тим.

На Светското првенство во Мексико во 1986 година Аргентина ја победи Западна Германија со 3:2, а Марадона го подигна трофејот по втор пат во историјата на оваа нација, откако претходно го освоија за прв пат во 1978 година.

Извор: https://x.com/FIFAWorldCup

Тој ги изигра сите минути од сите седум натпревари на Аргентина, а неговите голови беа пресудни за освојувањето на титулата. Претходно, во четвртфиналето против Англија, тој го постигна својот можеби најконтраверзен гол, кој подоцна беше наречен “Божјата рака”.

Покрај тој гол, тој го постигна голот што важи за “гол на векот” – 60 метарско соло истрчување, поминување на пет одбрамбени играчи и реализација за паметење.

Неговото непроценливо влијание на Светското првенство само го зацементира како еден од најлегендарните фудбалери на сите времиња.

Извор: https://thesefootballtimes.co
Извор: https://thesefootballtimes.co

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено