ПМФЛ: Тиквеш минимално го сруши Пелистер, Башкими пресилен за Македонија ЃП

 

Објавено:

Екипите на Тиквеш и Башкими запишаа исклучително важни домашни победи во рамките на 22. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), со што дополнително ја згуснаа битката на средината од табелата.

Мартин Стојанов херој во Кавадарци

По пауза од четири години, Тиквеш конечно успеа да го совлада битолски Пелистер. На Градскиот стадион во Кавадарци, домаќините славеа со минимални, но огромни 1-0.

Клучниот момент се случи во 39. минута од натпреварот. По одлично проигрување во празно од страна на Стојковски, Мартин Стојанов изби во позиција и со прецизен дијагонален удар по земја, од дирекот ја смести топката во мрежата на Јовчевски. Ова беше негов петти сезонски погодок.

Во второто полувреме, Пелистер (со вратениот Стефан Спировски во составот) фрли сè на картата напад и изврши силен притисок. Најсериозната шанса за израмнување гостите ја имаа во 71. минута преку резервистот Вилдан Керим, чиј удар со глава Стојанов го расчисти директно од гол-линијата. Иако дефанзивно ориентиран во финишот, Тиквеш успеа да го одбрани водството и да скокне на шестото место на табелата.

Башкими ја оправда фаворитската улога во Куманово

Во вториот натпревар од денешната програма, кумановски Башкими со сигурна игра и два гола во второто полувреме го реши тимот на Македонија Ѓорче Петров со 2-0.

Откако првото полувреме заврши без голови (со една статива на домашниот фудбалер Ор), отпорот на „лавовите“ беше скршен во 73. минута. По еден продор на Пановски во противничкиот шеснаесетник и направен прекршок, судијата покажа на белата точка. Искусниот Емануел Аворнио беше сигурен егзекутор за водство од 1-0.

Десет минути подоцна, Ресул Мемети ја искористи одличната асистенција на Рибеиро по еден контранапад и ги постави конечните 2-0, зацврстувајќи го Башкими на одличната петта позиција на табелата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено