- Advertisement -
- Advertisement -
Интер Мајами на Лео Меси го заврши својот историски пат на Светското клупско првенство, откако изгуби од фаворитот, европскиот шампион ПСЖ.
Парижаните едноставно беа пресилни за тимот од МЛС лигата, па во првото полувреме постигнаа дури 3 голови и еден автогол на Мајами, кои се покажаа и како краен резултат од 4:0.

Невес ги постигна головите во 6′ и 39′ минута, Хакими во 45’+3′, а автоголот го даде Авилес во 44′ минута.
Со ова ПСЖ глатко дојде до својат прва победа во нокаут-фазата од Светското клупско првенство, а во четвртфиналето ќе се најде со еден од победниците на вечерашниот дуел меѓу Фламенго и Баерн Минхен.
Погледнете ги сите голови од натпреварот.