Ако мислевте дека нашите општински лиги се врвот на фудбалскиот хаос, Бразилците тукушто ни порачаа: „Држете ми го пивото“.
Финалниот натпревар од шампионатот Минеиро помеѓу вечните ривали Крузеиро и Атлетико Минеиро заврши со сцена која повеќе личеше на „Крај на светот“ отколку на фудбалски меч. Резултатот? Крузеиро победи со 1-0, а судијата Матеус Делгадо Канданкан постави нов светски рекорд делејќи неверојатни 23 црвени картони!
Massive brawl between Cruzeiro and Atletico Mineiro which ended with 23 red cardspic.twitter.com/CwcgO4RLTn
— Troll Football Media (@TrollFootball2) March 9, 2026
Како започна хаосот во Бело Хоризонте?
Сè беше „нормално“ до последните секунди. Кајо Хорхе го постигна победничкиот гол за Крузеиро, а потоа настана пеколот. Голманот на Атлетико, Еверсон, реши дека е добра идеја да го собори противничкиот фудбалер Кристијан и да му зарие колено во градите.
Тоа беше „сигналот“ за сите на теренот, на клупите, а веројатно и за неколку случајни минувачи, да влезат во општа тепачка. Војската и полицијата мораа да интервенираат за да ги спасат живите глави на фудбалерите, додека судијата, веројатно во шок, не покажа ниту еден картон на самиот терен.
🚨🚨| Crazy scenes as things got heated up between Cruzeiro and Atletico Mineiro in Brazil.
— Goals Side (@goalsside) March 9, 2026
FOOTBALL OR WWE EXTREME RULES. 🤔pic.twitter.com/wj7gH4ip2y
Ретроспективно „чистење“ на соблекувалните
Бидејќи тепачката беше премногу масовна за да се контролира, судијата подоцна во официјалниот записник ги „почести“ речиси сите.
- Крузеиро: 12 црвени картони (вклучувајќи го и стрелецот на голот).
- Атлетико Минеиро: 11 црвени картони.
Меѓу „среќните“ добитници на црвен картон е и легендарниот Хулк, кој по натпреварот изјави дека ова е „жално“ и дека „не смеат да даваат таков пример“. Секако, откако претходно веројатно подели неколку десни крошеа.
Шампиони со празна клупа
Крузеиро го подигна трофејот за првпат по 2019 година, но прашање е кој ќе игра во следното коло од бразилската Серија А. Двата тима и онака се наоѓаат во зоната за испаѓање (17-то и 19-то место), па оваа тепачка веројатно им беше единствениот начин да покажат малку „борбеност“ сезонава.



