Трагедија или комедија? Навивач на Барса утнал град и стадион за дуелот со Њукасл!

 

Објавено:

Фудбалот пишува неверојатни приказни, но оваа што доаѓа од Англија по синоќешните мечеви во Лигата на шампионите е на границата меѓу плачење и смеење. Еден анонимен навивач на Барселона стана хит на социјалните мрежи откако се појави на погрешен стадион, во погрешен град, на повеќе од 500 километри оддалеченост од неговиот тим!

„Сент Џејмс Парк“, но не тој што го баравте

Несреќниот навивач, кој допатувал од Лондон, сакал да го гледа својот омилен тим против Њукасл Јунајтед. Тој во својата навигација едноставно напишал „Сент Џејмс Парк“, но наместо кон северот на Англија, телефонот го одвел во Девон, на југозападот, каде што се наоѓа истоимениот стадион на третолигашот Ексетер Сити.

Шокот настанал кога се појавил пред влезот на трибината „Адам Стансфилд“ и се обидел да ја скенира картата за Лигата на шампионите. Редарите со неверување го гледале кога тој на својот лош англиски јазик објаснувал дека дошол да ги гледа Левандовски и Јамал.

Наместо Барса – Ексетер против Линколн!

Откако сфатил дека направил огромна грешка и дека Њукасл е на другиот крај на државата, навивачот бил видно скршен и засрамен. Сепак, луѓето од Ексетер Сити покажаа дека фудбалот има душа.

„Еден од нашите волонтери дојде во канцеларијата и ни кажа дека овој дечко се појавил очекувајќи да ја види Барселона. Беше премногу разочаран. Затоа, му дадовме гратис билет за нашиот меч против Линколн, за барем да изгледа професионален фудбал на вистинскиот ‘Сент Џејмс Парк’“, изјави Адам Спенсер од Ексетер.

Иако не ги виде ѕвездите на Барселона под рефлекторите на елитната ЛШ, овој навивач доби приказна која ќе ја раскажува цел живот и лекција дека следниот пат треба добро да провери на кој дел од островот патува!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено