(Видео) Шест гола на Тиквеш во Кавадарци, Шкендија во чекор по Вардар!

 

Објавено:

Денешното коло во домашниот шампионат донесе многу голови и возбудувања. Додека во Кавадарци видовме вистинска фудбалска рапсодија на домашниот тим, во Тетово се играше на резултат за одржување на надежите за шампионскиот пехар.

Лусиано со „покер“ голови во демолирањето на Шкупи

Екипата на Тиквеш одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава, совладувајќи го тимот на Шкупи со убедливи 6-0. Натпреварот во Кавадарци помина во знакот на неверојатниот Лусиано, кој постигна дури четири гола и буквално си поигруваше со противничката одбрана.

Серијата ја отвори Лавал со глава уште во раната фаза, по што Лусиано стапи на сцена. Прво зголеми на 2-0, потоа мајсторски го лобуваше голманот Муслиу за 3-0, а во второто полувреме со уште два гола го комплетираше својот „покер“.

И покрај високиот пораз, кај гостите единствен светол момент беше младиот голман Муслиу, кој со неколку интервенции спречи уште поубедлива катастрофа. Точка на натпреварот ставија Кристијан Ѓорѓиевски и Мартин Стојанов за конечни 6-0.

Ибрахими со „проектил“ ја реши битката за Тетово

Шкендија останува во мртва трка за титулата откако со минимални 1-0 славеше над соседот Арсими. Избраниците на тетовскиот тим доминираа во текот на целиот натпревар, но бедемот на гостите беше тешко да се пробие.

Човек на одлука беше искуснот Бесарт Ибрахими, кој во 17. минута со прекрасен удар од далечина го совлада голманот Ислами. Иако Шкендија ја погоди стативата преку Зејнулахи и имаше уште неколку колосални шанси преку Красниќи и Трумчи, резултатот остана непроменет до самиот крај. Со овој триумф, Шкендија се одржува на само три бода заостанување зад лидерот Вардар, додека Арсими ја продолжува својата резултатска криза.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено