Европски трофеј за Македонија: Андреј Ѓурчиновски го покори Сараево!

 

Објавено:

Гостинска статија на Димитрие Маневски

Во неделата зад нас Сараево беше во центарот на вниманието на светската билијард јавност, бидејќи во рамките на Светската Билијард Турнеја се одржуваше Европското отворено првенство 2026.

Како дел од професионалната турнеја организирана од „Matchroom Pool“, на главните настани се одржуваат и турнири во јуниорска конкуренција на кои младите надежи на спортот од сите делови на светот имаат можност меѓусебно  да ги одмерат силите на т.н. NXTGEN турнири.

Токму од овој турнир доаѓа една убава вест за Македонскиот спорт. Нашиот државен првак, 15 годишниот Андреј Ѓурчиновски, со спектакуларна и неверојатно зрела игра успеа да го освои NXTGEN турнирот во Сараево и да го запише своето име, а воедно и нашата земја, во историјата на професионалниот билијард.

Во конкуренција на 32 најдобри европски јуниори, Андреј забележа 6 последователни победи и со задоволство може да се констатира дека убедливо и целосно заслужено дојде до драгоцениот трофеј.

Вредно да се напомене е дека на главниот турнир Македонија имаше свои претставници кои покажаа солидна игра, пред се Дритар Бајрами и Христо Василевски кои успеаја да забележат победи против реномирани противници, но во подоцните фази на турнирот неизбежно беше да се соочат со најдобрите светски играчи и беа елиминирани. Бајрами беше елиминиран од Ралф Суке, германската легенда која го има освоено буквално секој од најважните светски турнири, додека Василевски беше елиминиран од Докампо од Аргентина.

Одличните настапи на овој турнир се вистинска увертира за претстојниот втор Мастерс од државното првенство на Македонија кој е закажан за 28-ми и 29-ти Март.

Официјална страна на турнирот и резултати – World Nineball Tour live scores

Објава и слики од победникот – Matchroom Pool – A night to remember for WNT NXTGEN… | Facebook

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено