Кога станува збор за германскиот фудбал, страста на трибините е добро позната, но навивачите на Динамо Дрезден (SG Dynamo Dresden) дефинитивно го подигнаа навивањето на сосема ново ниво. На натпреварот од 2. Бундеслига против Прусен Минстер, кој домаќините го добија со убедливи 6:0, вистинското шоу не се одвиваше само на теренот, туку и на трибините на „Рудолф-Харбиг-Штадион“.
Социјалните мрежи „експлодираа“ по објавувањето на видеото на кое се гледа застрашувачката, но истовремено импресивна атмосфера креирана од домашните ултраси. Огромен број факели, густ чад и громогласна песна го претворија стадионот во вистински котел.
Say a better fan than Dynamo Dresden fans. 🤔 pic.twitter.com/xlkDmX3Twc
— Ultras Clips (@ultras_clips) March 13, 2026
Коментарите на платформата X (поранешен Твитер) варираат од восхит до неверување:
„Дали делат гас-маски пред влез?“ „Застрашувачко… мора да е страшно за гостинските навивачи.“ „Ова изгледа како Дрезден во 1945 година.“ „Германскиот фудбал е поголем од сè!“
Навивачка култура со долга традиција
Динамо Дрезден отсекогаш имал една од најлојалните и најжестоките навивачки бази во Германија. Дури и кога клубот се натпреваруваше во третата лига, просечната посетеност достигнуваше и до 25.000 гледачи. Нивната позната трибина, К-Блок, е центарот на ултрас движењето каде редовно се организираат масивни кореографии, вклучувајќи ја и своевремено најголемата навивачка транспарент-знаме во Европа (350м x 35м).
Едно е сигурно, атмосферата што ја создаваат навивачите на Динамо Дрезден остава без здив и докажува зошто германскиот стадионски амбиент е единствен во светот.



