Алваро Арбелоа ги откри картите пред утрешниот голем реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Најдобрата вест за навивачите на „кралевите“ е официјалното враќање на Килијан Мбапе, кој по пауза од пет натпревари повторно е дел од тимот.
Мбапе е подготвен, но каков е планот на Арбелоа?
Француската суперѕвезда го повреди левото колено на 21 февруари и оттогаш беше надвор од терените. Иако тренираше нормално со групата, останува да видиме каков ќе биде тактичкиот избор на Арбелоа – дали ќе го фрли Мбапе во оган од првата минута или ќе го менаџира неговото време, со оглед на тоа што Реал Мадрид има огромна предност од 3-0 по првиот натпревар.
Покрај Мбапе, во тимот се враќаат и Џуд Белингем и Алваро Карерас, што значи дека Арбелоа доаѓа во Манчестер во речиси најсилниот можен состав за да го запечати пласманот во четвртфиналето.

Составот на Реал Мадрид за Манчестер:
- Голмани: Куртоа, Лунин, Фран Гонзалез.
- Одбрана: Карвахал, Алаба, Трент, Карерас, Фран Гарсија, Ридигер, Хујсен, Диего Агуадо, Марио Ривас.
- Среден ред: Белингем, Камавинга, Валверде, Чуамени, Арда Ѓулер, Цестеро, Мануел Анхел, Паласиос, Тијаго.
- Напад: Винисиус Јр, Мбапе, Гонзало, Брахим, Мастантуоно.
Враќањето на Мбапе е одлична вест и за Дидие Дешамп, кој во четврток треба да го објави составот на Франција, а се очекува Килијан да биде прв на списокот доколку неговото колено го издржи утрешниот тест.



