Чекањето заврши. Официјалните состави за најважниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација се објавени! Пред повеќе од 38.000 навивачи на распродадениот „Паркен“ во Копенхаген, селекторот Гоце Седлоски ги откри картите со кои ќе ѝ се спротивстави на Данска во битката за Светското првенство.
Седлоски со 3-5-2 и изненадување во нападот!
Селекторот се одлучи за поцврста формација 3-5-2, со мали изненадувања во стартните единаесет. На голот е сигурниот Столе Димитриевски. Дефанзивното трио го сочинуваат Андреј Стојчевски, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу.
Средината на теренот, каде што се очекува најголемата битка, е резервирана за Јани Атанасов, капитенот Енис Барди и Елиф Елмас, додека по крилните позиции како вингбекови ќе делуваат Дарко Чурлинов и Себастијан Ерера.
Во самиот напад, Седлоски се одлучи за Лирим Ќамили и Елмин Растодер (кој игра во животна форма за швајцарски Тун), оставајќи го Бојан Миовски на клупата како „џокер“ за второто полувреме.
Данска со најсилното расположливо оружје
Од другата страна, Данците излегуваат без повредените Шмајхел, Кристенсен и Андерсен, но сепак со застрашувачки состав. На голот е Хермансен, додека нивната игра ќе ја диктираат ѕвездите како Пјер-Емил Хојбјерг, Мортен Хјулманд и најопасниот во нападот, Расмус Хојлунд.
🔥 𝐒𝐓𝐀𝐑𝐓𝐄𝐋𝐋𝐄𝐕𝐄𝐑𝐄𝐍 🔥
— Fodboldlandsholdene 🇩🇰 (@dbulandshold) March 26, 2026
Herrelandsholdet er sat til aftenens VM-playoff mod Nordmakedonien i Parken 🇩🇰
Kom så, drenge!#ForDanmark pic.twitter.com/dCjCy9btxZ
Сцената е поставена. Нашите момци се подготвени да го остават срцето на теренот. Одиме на победа, напред Македонија!



