Македонските навивачи – единствената светла точка од вчерашниот настап во Данска!

 

Објавено:

Дека Македонците го сакаат спортот и репрезентацијата уште еднаш се докажа на вчерашното гостување во Копенхаген, каде македонските навивачи беа единствената светла точка во поразот од Данска.

Во голем број Македонците допатуваа за да ги бодрат своите миленици, а на крајот по иницијатива на капитенот Барди играчите беа вратени за да ги поздрават пред гостинската трибина.

Денес Фудбалската федерација на Македонија и со официјален статус на социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите: „Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“.

Погледнете дел од атмосферата пред вчерашниот натпревар на нашите социјални мрежи (линкови на крајот на статијата) и на линкот подолу. А, ФФМ треба да се запраша: дали е доволна само благодарност отпосле или можеби на сите нас ни должеше однапред стручен тим кој ќе се „замараше“ повеќе со репрезентацијата и анализирање на противникот во овој важен дуел, помалку со своите функции во клубовите?

Браво за публиката, огромно благодарам и за играчите кои изминатава деценија нè доведоа до тука.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено