Мастерсот во Мајами влегува во својата завршница. „Хард Рок“ стадионот денес ќе биде сведок на два исклучително возбудливи полуфинални дуели кои ветуваат врвен тенис. Додека во првиот меч имаме судир на титаните и старите ривали, второто полуфинале е потврда за смената на генерациите на АТП турнејата.
🇮🇹 Јаник Синер vs Александар Зверев 🇩🇪
Меѓусебен скор: 7-4 за Синер
Ова е мечот кој сите го чекаа. Јаник Синер е во застрашувачка форма. Италијанецот има низа од 30 добиени сетови по ред на Мастерс турнирите и е во сериозен поход по „Sunshine Double“ (титули во Индијан Велс и Мајами во иста сезона). Синер го победи Зверев во нивните последни шест пресметки, сите на тврда подлога, што му ја дава улогата на апсолутен фаворит.
Од друга страна Зверев изгледаше моќно во четвртфиналето против Серундоло (6-1, 6-2), но постои загриженост околу неговиот зглоб кој го свитка на тој меч. Доколку е 100% фит, неговиот сервис може да биде единственото оружје што ќе го сопре Италијанецот.
🇫🇷 Артур Филс vs Јиржи Лехечка 🇨🇿
Меѓусебен скор: 2-1 за Филс
Кој би рекол дека ова ќе биде второто полуфинале? Младиот Французин Артур Филс (21) и Чехот Јиржи Лехечка (24) се изненадувањата на турнирот, но нивниот пласман тука е потполно заслужен.
Артур Филс: Сè уште нема загубено сервис на овој турнир! Со форхенд кој редовно оди преку 160 км/ч, тој е подготвен да стане првиот Французин во историјата кој ја освоил титулата во Мајами.
Јиржи Лехечка: Чехот игра тенис на кариерата. Ги „исчисти“ Тејлор Фриц и Мартин Ландалуче без да му биде одземен сервисот. Ова е негово второ Мастерс полуфинале и изгледа многу посигурно од кога било досега.
Лехечка ќе бара одмазда за неодамнешниот пораз од Филс во Доха, додека Французинот ќе се обиде да го искористи својот физички моментум за влез во првото големо финале.



