Џабе ти се две победи по ред, џабе ти е лидерско место во Ф1 и сите пофалби од Тото Волф, кога законот во Јапонија е понемилосрден и од Макс Верстапен!
Најмладиот лидер во историјата на Формула 1, Кими Антонели, мораше да го прослави највисокото место на подиумот во Сузука со детски шампањ. Имено, бидејќи има само 19 години, а во Јапонија легалната граница за алкохол е 20, Кими не смееше да прослави со вистински шампањ заедно со Оскар Пијастри и Шарл Леклер.




