Медведев киксна на стартот на Вимблдон, изгуби од 64-то рангираниот Бонци

 

Објавено:

Деветтиот играч на АТП листата, Данил Медведев, го изгуби првиот натпревар од елиминациите на престижниот тениски турнир Вимблдон, со што Русинот си оди дома уште на првиот ден.

Тој изгуби со 7-6, 3-6, 7-6, 6-2 во сетови од 64 рангираниот Бенџамин Бонци. За Бонци ова ќе биде трет пат во неговата кариера да стигне до втората рунда на Вимблдон, а највисокиот ранг досега во кариерата му бил на 42-то место.

“Ова зе мене денес е нешто посебно. Ова ми е една од топ десетте победи на Гренд Слем. Секогаш е посебно кога ќе победите на ваквите турнири”, изјави Бонци во интервјуто на теренот.

Интересна беше и неговата изјава дека секогаш е подобро да играте со најдобрите играчи уште во раните рунди, а најдобро е ако е уште во првата, а потоа и го дообјасни тоа на прашање на новинарите.

“Бидејќи не се навикнати на теренот. Тука сме на исто ниво. Најверојатно самодовербата се зголемува откако ќе имаш неколку победи. Денес шансите беа 50-50 уште од стартот на натпреварот, а јас немав што да изгубам”, објасни Французинот за неговото мислење што било причината што го победил Медведев.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено